Политика за откажување и враќање на средства

Последно ажурирање: 18 октомври 2026

Оваа политика објаснува кога и колку пари ви се враќаат кога откажувате, поместувате или не доаѓате на термин резервиран преку AURA. Таа е дел од Условите за користење. Услугите ги обезбедуваат независни бизниси (салони и самостојни професионалци), а AURA ги обработува резервациите и плаќањата.

1. Што плаќате при резервација

Зависно од бизнисот, при резервација може да:

  • платите депозит онлајн, а остатокот кај бизнисот. Процентот на депозитот го одредува бизнисот;
  • платите цела цена онлајн; или
  • резервирате без онлајн плаќање и целиот износ да го платите кај бизнисот.

Пред да платите, на екранот се прикажани: цената, износот што се плаќа онлајн и рокот за откажување на тој бизнис. Истите податоци ги добивате и во потврдата за резервацијата.

2. Рок за откажување

Рокот за откажување е стандардно 24 часа пред почетокот на терминот. Секој бизнис може да постави свој рок, од 12 до 72 часа. Важи рокот прикажан при вашата резервација.

3. Кога се враќаат парите

СитуацијаШто се случува со платениот износ
Откажувате пред рокот за откажувањеЦелиот платен износ ви се враќа.
Резервирате кога рокот веќе започнал и откажувате во рок од 10 минутиЦелиот платен износ ви се враќа.
Резервацијата чека потврда од бизнисот, а вие ја откажувате или бизнисот не ја прифаќаЦелиот износ ви се ослободува или враќа.
Откажувате во рокот за откажувањеДепозитот останува кај бизнисот како надомест за изгубениот термин. Ако сте платиле цела цена, разликата над депозитот ви се враќа.
Не се појавувате на терминотИсто како доцно откажување: депозитот останува кај бизнисот, а разликата над депозитот ви се враќа.
Бизнисот го откажува вашиот терминИзбирате: бесплатно поместување на друг термин или враќање на целиот платен износ.
Банката го потврдила плаќањето доцна, а терминот во меѓувреме е зафатенПлаќањето автоматски се поништува или се враќа целиот износ, и добивате известување.
Услугата не е извршена или е битно различна од опишанатаПријавете го до нашата поддршка во рок од 7 дена од терминот. Го проверуваме со бизнисот и, ако барањето е основано, враќањето се одобрува целосно или делумно.
Резервација без онлајн плаќањеНема износ за враќање. Доцните откажувања и непојавувањата се евидентираат.

Повторено непојавување или доцно откажување може да доведе до ограничувања на профилот, вклучително задолжително плаќање однапред или привремено блокирање.

4. Поместување на термин

  • Пред рокот за откажување: терминот можете да го поместите бесплатно, колку пати сакате.
  • Во рокот за откажување: дозволено е едно бесплатно поместување, а депозитот се пренесува на новиот термин. Секоја следна промена се смета за доцно откажување.
  • Ако новиот термин има друга цена: ако сте платиле цела цена, разликата се доплаќа или ви се враќа. Ако сте платиле само депозит, тој се пренесува непроменет, а остатокот го плаќате кај бизнисот. Ако пренесениот депозит е поголем од новата цена, разликата ви се враќа.
  • Last minute попустите важат само за конкретниот термин. Ако го поместите, за новиот термин важи неговата цена.

5. Ваучери и промо кодови

  • Се враќа само износот што навистина сте го платиле. Попустот од промо код или ваучер не се исплаќа во пари.
  • Ако резервацијата е откажана навреме или без ваша вина, ваучерот ви се враќа и може повторно да го користите до неговиот рок на важност.
  • Ако откажете доцна или не се појавите, ваучерот се смета за искористен.

6. Како и кога се враќаат парите

  • Парите се враќаат на истата картичка со која е платено. Не се враќаат во готовина ниту на друга картичка.
  • Враќањето го покренуваме автоматски, во моментот на откажувањето. За пријавите од точка 3 за неизвршена услуга, враќањето го покренуваме по одлуката.
  • Ако износот бил само блокиран на картичката, тој се ослободува. Ако бил наплатен, се враќа.
  • Колку брзо парите ќе се видат на вашата сметка зависи од банката што ја издала картичката, и обично трае неколку работни дена.
  • Сите износи се во македонски денари (МКД). Кај картички во друга валута, курсните разлики и надоместоците на вашата банка не се во надлежност на AURA.

7. Контакт

За прашања за откажување или враќање на средства:
Е-пошта: auramk.app@gmail.com
Телефон: 073 800 700
ПДС 2026 ДОО Скопје, Тасино Чешмиче бр.29, Скопје – Центар